1

Традиционална недела на електромобилност во септември

Здружението за промовирање на електрични возила Електромобилност Скопје во рамки на глобалниот настан „Европска недела на мобилност“ во координација на Секторот за заштита на животната средина и природата при Град Скопје го организира настанот „Електромобилност 3.0 “.

Целта на овој настан е преку едукативни активности од страна на волонтерите од нашето Здружение и дел од учесниците, да се запознаат и едуцираат ученици од средни и основни училишта и останатите присутни за електричните и хибридни возила и нивното значење за општеството, заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

*Датумот и точната локацијата на настанот ќе бидат навремено објавени. Следете ја нашата Facebook страна за повеќе информации https://www.facebook.com/ProCreditBankMacedonia/ 

Само со заеднички напор може да придонесеме за подобра животна средина.