1

ПроКредит Банка на едукативна дружба во оснвното училиште Петар Поп Арсов

ПроКредит Банка во соработка со Општина Карпош и основното училиште Петар Поп Арсов организираше едукативна дружба со учениците од второ одделение. Дружбата се оддржа во просториите на училиштето каде што претставници од ПроКредит банка заедно со дечињата разговараа на тема отпад, што претставува отпадот, каде завршува и дали истиот ја загадува природата. Заедно ја покренавме свесноста за тоа дали може да ја заштитиме природата од отпад и на кој начин, и кои се придобивките од селекција и рециклирање на отпадот. Една од главните мерки кои ги научивме е селекцијата на отпадот, рецилкирањето и неговата повторна употреба.

Како дел од едукативното дружење децата добија задача да изработат предмет или колаж од отпад кој потоа ќе биде изложен во просториите на ПроКредит Банка.

Секој ученик доби биоразградлив молив со семки од лаванда, босилек и домат кој може да се посадат и одгледуваат во домашни услови.

Децата се тие кои ги движат промените во светот. Се надеваме дека од едукативната дружба научија многу за отпадот, колку е важна селекцијата и рециклирањето на истиот и дека ќе имаат влијание врз промената на навиките на возрасните.

Оваа активност е спроведена согласно акцијата “ Се грижам. Делувам. Менувам” на ПроКредит Банка, како дел од од    мерките за покренување на свесноста за заштита на животната средина.

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4