ПРОКРЕДИТ БАНКА Е ДОБИТНИК НА ЗЛАТНА МОНЕТА ЗА НАЈДОБРА БАНКА

ПроКредит Банка е добитник на признанието “Златна Монета” за најдобра банка, кое го доделува Сојуз на Стопански Комори на Македонија. Признанието се доделува на најуспешните компании кои придонесуваат за развој на националната економија и се пример за успешно работење како на домашниот, така и на странскиот пазар. ПроКредит Банка е првата 100% автоматизирана банка која за прв пат во Македонија воведе банкарска услуга 24 часа на ден преку Зона 24/7 и имплементираше иновативни мерки за развој на банкарската услуга во Македонија.

 

Свечената Академија се одржа на 03.11.2016 и беше организирана од страна на Сојуз на Стопански Комори на Македонија во чест на афирмирање на успешните примери во бизнис секторот и истакнатите деловни успеси на стопанството за 2016, а признанијата “Златна Монета” беа доделени од страна на г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и г-дин Кирил Миноски, Министер за финансии на Р.Македонија.

 

“Не постои поголемо признание за успех и квалитет на една компанија од тоа да го издвојат и препознаат неговите потрошувачи, добавувачи, соработници, партнери. Не е лесно да се води бизнис, но компаниите изнаоѓаат начини како да опстанат, да го зголемат бројот на вработувањата, да ги зголемат своите капацитети и да бидат успешни не само на домашниот пазар туку својата дејност да ја прошируваат и надвор од границите на нашата земја“ – истакна во своето обраќање претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска.