Hive Room е бесплатен коворкинг простор за поддршка на сите стартапи и фриленсери кој има за цел да обезбеди место за размена на идеи и знаења и да креира силна заедница која ќе донесе позитивни промени и ќе поттикне развој на нашето општество.
Hive Room е модерно опремен канцелариски простор кој располага со 6 работни позиции кои модуларно можат да се користат за еден тим или за 6 индивидуалци. HiveRoom се наоѓа во склоп на Стартап Клуб Македонија, на бул. “3-та Македонска Бригада 60” во Аеродром. Просторите нудат инспиративна работна средина што ќе ја поттикне продуктивноста и креативноста на сите фриленсери и стартапи.
HIVE ROOM е партнерски проект на ПроКредит Банка, Quipu и Мастеркард за поддршка на локалната заедница, поттикнување иновации и развој на локалните бизниси.
Изберете начин на аплицирање, било како стартап бизнис или фриленсер, пополнете го формуларот и испратете ја вашата апликација. Некој од нашиот тим ќе ве контактира за подетални информации.