Акционери

  Почетен капитaл 
во EUR
Број на акции Процент на капитал
ПроКредит Холдинг 14.786.755 2.957.351 100.00 %


Заклучно со 13 јули 2017 г.

Род и број на акции 2.957.351 обични акции
Номинална вредност по 1 единица 5 ЕУР

 

ПроКредит Холдинг (ProCredit Holding) е матична компанија на глобалната групација на ПроКредит Банки. ПроКредит Холдинг е основана како Internationale Micro Investitionen AG (IMI) во 1998 година, од страна на пионерската консултантска компанија за развојно финансирање IPC.

ПроКредит Холдинг е посветен на проширување на достапноста на финансиските услуги во земјите во развој и економиите во транзиција, преку основање групација на банки кои се лидери во обезбедување фер и транспарентни финансиски услуги на многу мали, мали и средни претпријатија, како и за целокупната популација во земјите во коишто функционираат. Освен што ги задоволува потребите за капитал на своите подружници, ПроКредит Холдинг го насочува развојот на ПроКредит банките, именува членови на повисокиот менаџмент и им дава поддршка на банките во сите клучни области на работењето, вклучувајќи го банкарското работење, човечките ресурси и управувањето со ризик. Холдингот се грижи за спроведување на корпоративните вредности на ПроКредит, како и за примена на најдобрите практики во банкарското работење и Базел II принципите за управување со ризик на ниво на групацијата, во согласност со стандардите исто така дефинирани од германските супервизиски институции. Zeintinger Invest е водечки акционер и стратешки инвеститор во ПроКредит Холдинг. Тој е водечка претприемничка сила што стои зад ПроКредит групацијата од самото основање на банките.

ПроКредит Холдинг е јавно-приватно партнерство. Покрај Zeitinger Invest (единствен акционер на IPC) и ProCredit Staff Invest (инвестициски инструмент на вработените во IPC и ПроКредит), други приватни акционери на ПроКредит Холдинг се холандската фондација DOEN и американскиот пензиски фонд TIAA-CREF. Јавни акционери на ПроКредит Холдинг се KfW (германска развојна банка) и IFC (огранок на Светската банка во приватниот сектор).

Правната рамка на ПроКредит Холдинг е таканаречена КГаА (Kommanditgesellschaft auf Aktien) или командитно друштво со акции. Ова е правна рамка што не е невообичаена во Германија и што, во основа, може да се третира како акционерско друштво во коешто улогата на органот на управување ја презема еден комплементар и во коешто комплементарот има право да дава согласност за одредени клучни акционерски одлуки. Во случајот на ПроКредит Холдинг, комплементарот е една мала одделна компанија којашто е во сопственост на главните акционери од ПроКредит Холдинг АГ & Ко. КГаА: Zeitinger Invest, ProCredit Staff Invest , DOEN, KfW и IFC. Структурата КГаА ќе ѝ овозможи на ПроКредит Холдинг во иднина да подига капитал без прекумерно да го разводнува влијанието на главните акционери во залагањето групацијата да ги задржи и двете цели: влијание во развојот и комерцијален успех.

ПроКредит Холдинг има рејтинг со инвестициска оценка (BBB), доделен од Агенцијата Fitch Ratings.
http://www.procredit-holding.com