Гарантни шеми (ЕИФ)

ГАРАНТНИ ШЕМИ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Про Кредит Банка во соработка со Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) нуди одлична можност за полесен пристап до финансии з амалите и средни претпријатија, преку две гарантни шеми:

  • InnovFin гарантната шема
  • Гарантна шема поддржана од Фондот за гаранции на Западен Балкан.
INNOVFIN
Што е InnovFin гарантна шема и за кого е наменета ?
  • InnovFin е заедничка иницијатива на Европскиот Инвестициски Фонф (ЕИФ) и Европска Унија во рамки на Финансиските инструменти "Horizon 2020"
  • Иницијативата е замислена да го олесни пристапот до финансии за иновативни проекти
  • Наменет е за мали и средни претпријатија до 500 вработени
  • Наменет е за развојно ориентирани компании и иновативн ипроекти, компании  кои вложуваат во современи технологии, енергетска ефикасност и го унапредуваат своето работење
  • Под иновација се подразбира инвестиција која е нова за компанијата и која придонесува за модернизација на процесите, економичност и ефикасност
Како InnovFin ќе придонесе за нашите клиенти ?
  • Преку InnovFin програмата, Про Кредит Банка овозможува континуирана поддршка на развојно ориентирани клиенти и овозможува подобрување на нивната конкурентност
  • За кредитирање преку InnovFin програмата е потребно помала вредност на обезбедување
Критериуми ?
  • Кредитирање иновативни проекти
  • Помало обезбедување од стандардното
  • Минимален износ на кредит е 30.000 €, максимален 7.5 милиони €
ГАРАНТНА ШЕМА ПОДДРЖАНА ОД ФОНДОТ ЗА ГАРАНЦИИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Што е оваа гарантна шема и за кого е наменета ?
  • Оваа гарантна шема е на заедничка иницијатива на Европскиот Инвестициски Фонд( ЕИФ) и Фондот за гаранција на Западен Балкан
  • Иницијативата има цел да го олесни пристапот до финансии за МСП во Македонија
  • Наменета е за мали и средни претпријатија до 250 вработени
  • Наменета е за краткоточни и долгорочни инвестиции
Како гарантната шема ќе придонесе за нашите клиенти ?
  • За кредитирање преку оваа гарантна шема потребно е помала вредност на обезбедување
  • Дополнително, каматните стапки за кредитите се пониски за 0.25%
Критериуми ?
  • Кредитирање инвестиции во фиксни и обртни средства
  • Максимален рок е 10 години ил идо 2028 год
  • Минимален износ на кредит е 25.000 €, максимален 500.000 €

 

eu

 

За повеќе информации контактирајте го Вашиот Советник за Бизнис Клиенти или побарајте не на: info@procreditbank.com.mk