Нашата еко стратегија

СТАНДАРДИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 

ПроКредит Банка  поставува високи стандарди во поглед на влијанието врз животната средина изразена преку Политика за заштита на животната средина во Прокредит банка која се применува во сите аспекти од сопственото работење и е сертифицирана со ИСО 14001:2015. Ова определеност подразбира постоење на Систем за управување на животна средина кој се содржи од три столба:

 

Столб 1: Интерен систем на управување со животната средина

ПроКредит Банка воспоставува пристап за подобро разбирање и подобрување на одржливоста на нејзиното сопствено користење на енергија и влијание врз животната средина. При редовно реновирање на нашите експозитури, како и изградба на нови, посебно обврнуваме внимание на енергетско ефикасните решенија кои истовремено придонесуваат и за подобрување на работната атмосфера.

Централната Управа на ПроКредит Банка е опремена со системи за енергетско регулирање коишто автоматски ја редуцираат потрошувачката на енергија потребна за осветлување, загревање и ладење. Овие мерки доведуваат до максимално користење на дневната светлина и регулирање на потрошувачката на енергијата за ладење и греење во и надвор од работно време. 

Oвој објект беше изграден со користење на енергетски ефикасни материјали и опрема, како што се: енергетски ефикасна изолација, прозорци и светилки, како и геотермални топлински пумпи за греење и ладење, кои дополнително ја намалуваат потрошувачката на енергија. Преку 60% од нашиот возен парк се автомобили на електрична енергија, додека пак струјата која ја користиме за нивно напојување е произведена од сопствена фотонапонска централа со капацитет од 24.5 kW поставена на кровот на нашата Централна Управа. 

Прашањата во врска со животната средина претставуваат суштинска компонента на обуката што се обезбедува за вработените на ПроКредит Банка на локално, регионално и меѓународно ниво. Беше лансирана и специјална интерна кампања со ‘’зелени’’ иницијативи, за да се подигне свеста за животната средина меѓу вработените. Кампањата го истакнуваше значењето на енергетската ефикасност и нејзиното влијание врз подобрувањето на животот, преку прикажување примери како да се намали користењето на енергијата дома и на работа. Дополнително на ова, маркетинг тимот на банката дистрибуираше налепници за електричните апарати и канцелариската опрема, како што се печатачите и персоналните компјутери, коишто на вработените им служат како потсетници да ги исклучуваат овие апарати и опрема кога ја напуштаат канцеларијата или кога истите не се користат. Освен тоа, вработените на ПроКредит Банка спроведоа неколку зелени иницијативи за чистење на различни локации низ Македонија.

 

Столб 2: Управување со ризикот од животна средина кај кредитирањето

ПроКредит Банка има имплементирано систем за управување со ризик кон животната средина предизвикан од активноста на нашите клиенти. Вршиме постојана проценка на кредитното портфолио, детална анализа на сите економски активности што потенцијално инволвираат ризици кон животна средина и одбиваме кредитни апликации од претпријатија ангажирани во активности штетни за животната средина. Со инкорпорирање на прашања од животната средина во процесот на одобрување на кредити, ПроКредит Банка може да го подигне и севкупното ниво на свесноста на клиентите за животната средина.

ПроКредит Банка има дефинирана  листа на активности кои јa загрозуваат животната и општествена средина, кои не се кредитираат од страна на банката.

 

Столб 3: Промоција на „зелено финансирање“

ПроКредит Банка Македонија има за цел промовирање на економски одржлив развој од аспект на животната средина. Во јули 2009 година лансиравме програма за ’’зелени’’ финансиски производи – една од првите од ваков вид во Македонија – што се состоеше од кредити за енергетска ефикасност за граѓаните и претпријатијата. Сите советници за клиенти во банката редовно  следат обуки за "зелено финансирање" и се квалификувани за насоки и совети за инвестициските можности и кредитите за енергетска ефикасност. 

Зеленото финансирање е стратешка определба на ПроКредит Банка и досега, имаме исплатено преку 80 милиона ЕУР во кредити за енергетско ефикасни проекти, заштита на животната средина и обновливи извори на енергија.

Со пласман на зелени финансиски производи и учество во настани за подобрување на енергетската ефикасност, ПроКредит придонесува за севкупно зголемување на свеста за заштита на животната средина. На овој начин, ПроКредит Банка се поставува во улога на финансиски партнер кој што стимулира "зелени" инвестиции, така што нуди повластени рокови и каматни стапки. 

 

За дополнителни прашања поврзани со Политиката за управување со животна средина контактирајте не на следнава е-маил адреса: info@procreditbank.com.mk.