Започнете кариера во банка!

Емилија Крстевска е дипломиран економист кој беше препорачан од центарот за кариера на Економскиот факултет во Скопје како еден од листата на студенти со висок просек кој во најкраток период успешно ги завршија студиите. Емилија успешно ги помина сите чекори од процесот на селекција на ProCredit Onboarding Process и преку овој процес започна да ја гради својата кариера во ПроКредит Банка. Во моментов заедно со двајца колеги од Македонија се дел од интернационалната обука во која се дел и колеги од неколку земји каде ПроКредит банка е присутна на пазарот.

 

career

 

Емилија : “Позитивно бев изненадена кога ме контактираа од ПроКредит Банка и беа заинтересирани да ме запознаат на кратко интервју. Ги поминав сите чекори во процесот на секелција и сега сум на вистинскиот пат за градење на професионална кариера во Банка. Можноста веднаш по дипломирањето да почнам да работам во Банка, секако беше голем предизвик за мене, a интернационалата обука дополнително ми овозможи ново теоретско, но и практично знаење кое ми отвори нови теми за размислување и за дискусија.”

 

Интернационалната обука за регрутација на млади и амбициозни индивидуи прераснаа во традиција за банката, која сега се практикува за сите нови кандидати. Обуката се спроведува на англиски јазик и се одвива во меѓународните центри за обука на ПроКредит Групацијата .

 

Емилија: “ За овој краток период воочив дека ПроКредит е институција која се грижи за своите вработени и во која трудот, способноста за брзо учење, адаптирање во нова средина се вреднуваат. Комуникацијата, соработката со колегите и тимската работа е она што ја прави оваа институција посебна и различна од другите.Секој нов ден е нов предизвик за мене, ново искуство и знаење, поради тоа ProCredit Onboarding Process е одлично искуство за надоградување на знаењето и градење на професионална кариера. Работната атмосфера и тимскиот дух кој што беше присутен во текот на обуката е имплементиран и во самата институција.Ги поттикнувам сите оние кои сакаат предизвици и динамична работа да се приклучат во тимот на ПроКредит и да започнат да инвестираат во својата кариера.”

 

Благодарение на нејзиниот ентузијазам, желба за учење и прифаќање на предизвик успешно го поминува секој чекор од низата потребни за успешно градење на професионална кариера. Токму поради тоа ги охрабрува сите оние кои сакаат самостојно да бидат заслужни за својот успех да бидат и дел од овој Onborading process и да станат дел од тимот на ПроКредит Банка.

 

Прочитајте повеќе тука