ПРОМЕНА НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ НА КРЕДИТИТЕ ВО ПРОКРЕДИТ БАНКА

Во согласност со Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, почнувајќи од 01.07.2013 година, ПроКредит Банка ќе се изврши промена на договорната каматна стапка на кредитите за физички и правни лица во денари.

Промените се однесуваат на следните каматни стапки:

• договорната каматна стапка за правни лица која ќе изнесува до 20,25% годишно за кредитите во денари, и

• договорната каматна стапка за физички лица која ќе изнесува до 11,50% годишно за кредитите во денари.

Кредитите за физички и правни лица во девизи и индексирани во евра не се предмет на промена.

Висината на договорната камата е определена согласно со методологијата утврдена во Законот за облигационите односи.

Промените се однесуваат за сите новосклучени договори за кредити, како и за веќе склучените договори за кредити пред 30.06.2013 година. Притоа, се молат клиентите на ПроКредит Банка кои се корисници на кредитни производи, да ги подигнат новите амортизациони планови во најблиската експозитурата.

Наведените промени не претставуваат дополнително оптеретување на вкупната финансиска обврска на клиентите кон ПроКредит Банка. Дополнително, годишните каматни стапки на кредитните картички и дозволено пречекорување на трансакциска сметка се намалуваат за 0,25 процентни поени.

Новиот ценовник е истакнат во експозитурите и објавен на веб страната на банката www.procreditbank.com.mk.

Согласно законските прописи, банката се обврзува да ја ревидира каматната стапка, доколку за тоа има потреба, двапати во текот на годината и тоа на секој 01 Јануари и 01 Јули во годината.

За дополнителни информации на располагање на клиентите е Контакт Центарот на банката, на телефонскиот број 02 / 2446 000.

Со почит,

ПроКредит Банка