10 МИЛ. ЕВРА ПОДДРШКА ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ПОДДРЖАНО ОД ФОНДОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЈАТИЈА И ИНОВАЦИИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и три банки од групацијата ПроКредит потпишаа договори за гаранција за поддршка на мали и средни претпријатија (МСП) во Македонија, Србија и Косово. Ова беше овозможено преку Фондот за гаранции за Западен Балкан, финансирано од Европската Унија во рамки на Фондот за развој на претпријатија и иновации на Западен Балкан.

 

Целта на Договорите со Фондот за гаранции за Западен Балкан е да се олесни пристапот до финансирање за МСП во Македонија, Србија и Косово, со тоа што ќе им се овозможи кредитна покриеност на вкупно 70 милиони евра од кредитните портфолија на трите држави, во текот на следните две години. ПроКредит Банка Македонија ќе пласира 10 милиони евра во договорениот период.

 

Директорот на ЕИФ за Гаранции, Секјуритизација и Микро-финансирање, Alessandro Tappi, изјави: „Наше задоволство е потпишувањето на овие три договори за гаранција во рамки на втората фаза од Фондот за гаранции за Западен Балкан за МСП во Македонија, Србија и Косово со ПроКредит Банка, кој е долгогодишен партнер на ЕИФ во регионот. Преку локалните банки на ПроКредит, оваа гаранција ќе го зголеми пристапот до финансии за МСП, со што може да се отворат нови работни места и да се овозможи раст на економиите на трите земји“. 

 

Борислав Костадинов, член на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг, изјави: „Ние од ПроКредит Групација сме многу горди на потпишувањето на овие договори за гаранција во трите земји. Како водечката „матична банка” за МСП во овој регион, ние секогаш се стремиме кон понуда на подобри решенија за малите и средните претпријатија во земјите каде што работиме“. 

 

Емилија Спировска, член на Управниот Одбор на ПроКредит Македонија, нагласи дека ПроКредит Банка продолжува да дава свој придонес кон економската интеграција и балансираниот економски развој на земјата, со обезбедување иницијативи и понуди што ќе бидат соодветни на тековните трендови и потреби на бизнисите. „Овој договор ќе им овозможи на бизнисите во Македонија да се фокусираат на инвестиции и долгорочни планови, што е многу значајно, затоа што таквите вложувања придонесуваат кон развојот и создавањето работни места во Македонија, а така се создава вистински напредок.“, изјави Емилија Спировска.

 

 

 

_______________________________ 

 

Информации за ЕИФ

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) е дел од групацијата на Европската Инвестициска Банка. Неговата главна мисија е поддршка на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во Европа, обезбедувајќи им пристап до финансии. ЕИФ дизајнира и развива капитал за вложување и раст, инструменти за гаранции и микро финансии, кои се конкретно насочени за овој сегмент на пазарот. Во својата улога, ЕИФ ги негува целите на ЕУ за поддршка на иновации, истражување и развој, претприемништво, раст и вработување.

 

 

 

За ФИРП ЗБ

Фондот за иновации и развој на претпријатија за Западен Балкан (ФИРП ЗБ) е иницијатива финансирана од ЕУ, чијашто цел е да ги зголеми финансиските ресурси достапни за МСП со седишта во Западен Балкан, како и да го поддржи развојот на приватниот сектор, социо-економскиот развој и процесот на пристапување во ЕУ ширум регионот. Капиталот од 145 милиони евра што е достапен во рамки на овој фонд од ЕУ, меѓународните финансиски институции (МФИ), корисниците и билатералните донатори ефективно ќе го преточат во преку 300 милиони евра за директно финансирање за МСП во регионот. Фондот за гаранции претставува еден столб на ФИРП ЗП кој е насочен кон МСП што имаат потенцијал за раст и што имаат потреба од заем за покривање на нивните потреби за финансирање за инвестиции и обртни средства.

Фондот го координира Европскиот фонд за инвестиции и истиот се спроведува во блиска соработка со владите од Западен Балкан, Европската Комисија, Европската Инвестициона Банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). МФИ, меѓународните организации и билатералните донатори кои се активни во регионот, како што се Светската Банка, ГИРК (DEG), ОЕСР (OECD) и други, учествуваат со цел да се рационализираат нивните напори за развивање на приватниот сектор во Западен Балкан.

 

 

 

Информации за групацијата ПроКредит

ProCredit Holding AG & Co. KGaA, со седиште во Франкфурт, Германија, е мајка- компанија на меѓународната групација ПроКредит, која е се состои од банки со фокус во Југоисточна и Источна Европа, специјализирани за банкарска услуга за МСП. Групацијата ПроКредит исто така работи и во Јужна Америка и во Германија. Основните акционери во ProCredit Holding AG & Co. KGaA се стратегиските инвеститори “Zeitinger Invest” и “ProCredit Staff Invest” (креирана за инвестициски инструменти за персоналот на ПроКредит), Холандската фондација “DOEN”, Германската развојна банка “KfW” и “IFC” (Групација на Светската Банка). ProCredit Holding AG & Co. KGaA e под супервизија, на консолидирана основа, како надредена компанија на ПроКредит Групацијата во согласност со Законот за банкарство во Германија од страна на Германската Федерална Управа за финансиски надзор (Bundesanstalt für Finanzdienstleistungsaufsicht, BAFIN), како и Дојче Бундесбанк. За повеќе информации, посетете ја веб страницата: www.procredit-holding.com.

 

 

 

Информации за ПроКредит Македонија

ПроКредит Македонија е развојно ориентирана банка која нуди висококвалитетна услуга за мали и средни претпријатија. Банката работи согласно концептот Матична Банка за МСП во Македонија и нуди поддршка за кредитирање на развојно оориентирани претпријатија. ПроКредит Македонија е дел од ПроКредит Групацијата на Банки кои делуваат во Југоисточна Европа, Германија и Јужна Америка.