ПроКредит Банка доби зголемување на кредитниот рејтинг од ББ+ на БББ-

На 28ми јуни 2019 година, меѓународната агенција за кредитен рејтинг “Fitch Ratings”, го зголеми долгрочниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје од “ББ+” на ’’БББ-‘’ со стабилен изглед. Зголемувањето на рејтингот на ПроКредит Банка АД Скопје е резултат на зголемиот рејтингот на С.Македонија на “ББ+”.
ПроКредит Банка АД Скопје е единствената банка на пазарот која поседува меѓународен кредитен рејтинг од агенцијата Fitch Ratings и сеуште има највисок рејтинг што една компанија може да го има во рамки на С.Македонија. 


Согласно извештајот на агенцијата Fitch Rating, објавен на 28ми јуни 2019 година, високиот рејтинг на ПроКредит АД Скопје се должи на стабилната поддршката која банката ја добива од својот единствен акционер - ПроКредит Холдинг со седиште во Франкфурт Германија и кредитен рејтинг БББ со стабилен изглед. 


Покрај акционерската структура, во извештајот од агенцијата Fitch Ratings е напоменато дека рејтингот на ПроКредит Банка АД Скопје е резултат и на високо квалитетното кредитно портфолио на банката, стабилното ниво на капитал и специјализираниот фокус кон мали и средни претпријатија(МСП). Заклучно прв квартал 2019 ПроКредит Банка АД Скопје има 11% пазарен удел во кредитно портфолио на не-финансиски институции во С.Македонија и 8% пазарен удел во депозитното портфолио токму од овие компании. И покрај намалувањето на маржите на пазарот, ПроКредит Банка АД Скопје продолжува и понатаму да остварува задоволително ниво на профит и фокус за соработка со поголеми и формализирани МСП кои придонесуваат за развој на економијата на пазарот.


Квалитот на кредитното портфолио на банката е неколку пати подобро од банкарскиот сектор и заклучно 2018 година стапката на нефункционални кредити изнесува само 1,5%. Овие резултати се должат на високо квалитетната анализа на кредитните апликации, континуирани инвестиции на банката за обука и развој на своите вработени, како и фокусот за градење долгорочни односи со клиентите и постанување банка-партнер за нивното целокупно банкарско работење.     
________________________________________

Што е кредитен рејтинг?

Кредитен рејтинг претставува оценка на кредитоспособноста на една институција и нејзините можности навремено да одговори на обврските кон доверителите. Процесот на утврдување на кредитен рејтинг вклучува евалуација на голем број финансиски и економски показатели. Единствено специјализирани рејтинг агенции може да го потврдат кредитниот рејтинг на една институција или држава.

Која е Fitch Rating, London?

Aгенцијата Fitch е светски лидер во оваа област, специјализирана за детални истражувања и доделување на кредитен рејтинг на финансиски институции ширум светот. Деловните корпорации, банки или финансиски институции кои сакаат да добијат кредитен рејтинг, потребно е да покажат само-иницијатива и да ја контактираат рејтинг агенцијата која праќа стручни лица, за да ја потврдат. Откако еднаш ќе се утврди кредитниот рејтинг на институцијата, истиот се ревидира барем еднаш годишно.

Какво е значењето за една инстутуција која има рејтинг?

Кредитниот рејтинг им овозможува на инвеститорите да добијат слика за една земја или институција, кои врз основа на оценката носат одлука за деловна соработка со истите. Рејтинг агенциите го класифицираат кредитниот ризик согласно однапред утврдени групи со различно ниво на ризик. 
 

Што значат класификациите и оценките?

Најдобрата кредитна група е А –ниско ниво на ризик, потоа е Б –умерен кредитен ризик и групи Ц и Д–со високо ниво на ризик. Разлики во степенот на кредитен ризик постојат и во рамки на одделните групи – со додавање на дополнителни букви или ознаки ,,+,” и ,,–“ за очекуваните изгледи во иднина. Врз основа на ова, максимален кредитен рејтинг во Б кредитна група би бил БББ, а најнизок Б.
Во ситуации на ревидирање на кредитен рејтинг на една држава, следствено се усогласува и рејтингот на економските институции со оној на државата. Економските субјекти не смеат да имаат повисок рејтинг од рејтингот на државата, поради ризикот кој постои во тоа окружување.