Дополнителни 800 милиони евра за мали и средни претпријатија – ЕИФ и ПроКредит Банка ја дуплираат поддршката за иновативните компании

Дополнителни 800 милиони евра за мали и средни претпријатија – ЕИФ и ПроКредит Банка ја дуплираат поддршката за иновативните компании

 

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит групација ќе пласираат дополнителни 800 милиони евра за иновативни проекти на мали и средни претпријатија (МСП), што претставува вкупно 1.62 билиони евра за кредитирање на компании во 11 држави.

Поддршката која ја овозможува ЕИФ е отсега достапна преку ПроКредит банките во јужна и источна Европа и истата е наменета за компании кои употребуваат нови технологии и имаат иновативни производства во една од единаестте држави каде што ПроКредит банките ги пласираат своите услуги (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Германија, Грција, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Србија и Украина). Досега, ПроКредит банките имаат поддржано околу 2000 иновативни мали и средни претпријатија и тоа претежно во дејноста на производство, големопродажба и малопродажба, а уште голем број претпријатија ќе бидат финансирани и во следните неколку години.

Договорите за финансирање на малите и средни претпријата се дел од InnovFin иницијативата на Европска комисија, поддржани преку програмата Horizon 2020. InnovFin иницијативата овозможува банките да пласираат кредити за иновативни компании со гарантна шема поддржана од страна на ЕИФ. Договорот потпишан меѓу државите членки на ЕУ беше овозможен согласно поддршката од Европскиот Фонд за Стратешки Инвестиции. Овој фонд е централен столб од Планот за Инвестиции во Европа на Европската Комисија, исто така познат под називот Juncker Plan”.

Заменик претседателот на Европската Комисија Jyrki Katainen, одговорен за работни позиции, раст, инвестиции и конкурентност изјави: “Две години откако објавивме дека 800 милиони евра ќе бидат пласирани за МСП во единаесет држави, ЕИФ и ПроКредит ја дуплираат финансиската поддршка, што значи дека 1.62 билиони евра се сега достапни за финансирање на мали и средни претпријатија во овие земји. Континуираната и зголемена поддршка од страна на ЕУ ќе придонесе за промени кај илјадници претприемачи со иновативни бизнис идеи и потреба за финансирање на своите проекти, на ист начин како и кај 2000 компании кои досега беа финансирани преку оваа гарантна шема.

Извршниот директор на ЕИФ, Pier Luigi Gilibert, изјави: Позитивно сме изненадени што  InnovFin гарантната шема пласирана преку ПроКредит банките остварува одлични резултати.

Широката мрежа и позиционираноста на ПроКредит банките, комбинирани со експертизата за кредитирање на МСП се потврда дека гарантната шема поддржана од Европската Комисија ќе биде искористена во единаестте држави. Овие кредити ќе им овозможат на компаниите полесен пристап до финансирање поддржано од ЕУ со цел зголеување на иновативноста низ Европа.

Претседателот на Надзорен Одбор на ПроКредит Холдинг, Др. Claus-Peter Zeitinger изјави: “Проширувањето на нашиот договор е значаен показател за нашата банкарска групација. Истиот им дава до знаење на нашите клиенти дека ЕУ и понатаму ќе ги поддржува инвестициите од страна на мали и средни претпријатија во југо-источна и источна Европа и дека развојно ориентираната насока на ПроКредит банките е препознаена од страна на ЕУ.

***

За ЕИФ

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) е дел од групацијата на Европска Банка за Ивестиции. Централна мисија на овој фонд е поддршка на Европските микро, мали и средни претпријатија (МСП) и тоа преку обезбедување на олеснет пристап до финансии за овие компании. ЕИФ креира и развирва капитал, гаранции и микрофинансиски инструменти за истиот пазарен сегмент. Во оваа улога, ЕИФ поттикнува ЕУ иницијативи за поддршка на иновации, истражување и развој, претприемаштво, раст и вработување. Повеќе информации за ЕИФ може да прочитате на следниов линк.

За ПроКредит групацијата

ПроКредит Холдинг АГ & Цо. КГаА, лоцирана во Франкфурт, Германија, е мајка компанија на меѓународната ПроКредит групација, која се состои од банки специјализирани за соработка со мали и средни претпрјатија (МСП) и чиј фокус на работа е во југо-источна и источна Европа. Како дополнување на овој регионален фокус, ПроКредит групацијата е исто така присутна и во Јужна Америка и Германија. Акциите на компанијата се тргувани на Prime Standard сегментот на берзата во Франкфурт. Главни акционери на ПроКредит Холдинг АГ & Цо. КГаА се стратешки инвеститори како Zeitinger Invest и ProCredit Staff Invest, Холандската DOEN Participaties BV, KfW Development Bank and IFC (дел од групацијата на Светска Банка). Согласно Германскиот акт за банкарство, мајка компанијата ПроКредит Холдинг АГ & Цо. КГаА, на консолидирано ниво , е под директна супервизија на Германската Федерална Финансиска Институција за Ревизија (Bundesanstalt für Finanzdienstleistungsaufsicht, BaFin) и German Bundesbank. Повеќе информации на www.procredit-holding.com.

За Juncker Plan

Планот за Инвестиции во Европа, или така наречениот "Juncker Plan" е еден од приоритетите на Европската Комисија. Истиот се фокусира на поддршка за инвестиции кои креираат нови работни позициии, раст преку паметна употреба на нови и веќе постоечки финансиски ресурси, отстранување на препреки за инвестирање и обезбедување техничка поддршка при инвестиции во нови проекти. Проектите и договорите согласно Европскиот Фонд за Стратегиски Инвестиции (ЕФСИ) се очекува да мобилизира скоро 410 билиони евра во инвестиции и поддршка на околу 952 000 МСП во сите 28 членки на ЕУ.

За InnovFin

InnovFin гарантната шема е креирана согласно "EU InnovFin Finance for Innovators" иницијативата развиена согласно Horizon 2020, ЕУ рамковна програма за истражување и иновации. Истата нуди гаранции за финансирање на кредити од 25.000 евра до 7.5 милиони евра се со цел подобрување на пристапот до финансии за иновативните мали и средни претпријатија со помалку од 500 вработени. Оваа гарантна шема  е менаџирана од страна на ЕИФ и се пласира преку финансиски посредници – банки и останати финансиски институции во земји членки на ЕУ и поврзани држави. Оваа гарантна шема им нуди на посредниците гаранции од страна на ЕУ и ЕИФ за износот на пласираните кредитите на компаниите.

 

Контакт за медиуми

 

Christof Roche, c.roche@eib.org, tel.: +352 43 79 89013 / Mobile: +32 479 65 05 88
Website: www.eib.org/press - Press Office: +352 4379 21000 – press@eib.org

 

          

Andrea Kaufmann, Group Communications, ProCredit Holding,

Tel.: +49 69 951 437 138, e-mail: Andrea.Kaufmann@procredit-group.com