ProCredit Direct: Банка директно во Вашиот мобилен телефон!

дигитално банкарство

ProCredit Direct: Банка директно во Вашиот мобилен телефон!

Ако сте професионалец во својата работа, имате исполнета агенда во текот на денот и немате време за во банка, ПроКредит Банка е вистионскиот избор за Вас. Отворете ја Вашата сметка онлајн, посетете не во нашите филијали само при подигнување на Вашата картичка и продолжете да ги користите сите наши услуги електронски.

За сите приматели на плата нудиме Сет банкарски услуги кој вклучува голем број на поволности 

1.   Трансакциска сметка во денари и евра
2.   Е-банкарство и мобилна апликација
3.   MasterCard Debit картичка поврзана со Вашите сметки

Со оваа картичка може бесплатно да повлекувате евра на сите наши банкомати и бесплатно да ги користите банкоматите на сите банки во земјата (до 3 пати во еден календарски месец) 

4.    СМС Нотификации за сите плаќања со Вашата картичка 
5.    Неограничен број на трансфери во земјата со 0 ден провизија (кон сите банки во земјата)
6.    Дозволено пречекорување на сметка до 2 плати во мунус (за приматели на плата над 500 евра или сопственици на бизнис)

7.    Штедна сметка по видување со најповолна камата на пазарот 0,8% за МКД и 0,5% за ЕУР

Со оваа штедна сметка управувате директно преку Вашето е-банкарство. Истата е одлична за градење на навика за штедење и акумулирање на заштеда за идни планови, како патувања, школувања на децата, нов автомобил и слично. Парите на оваа штедна сметка може да ги користите во секое време без дополнителни провизии и пенали и тоа на само еден клик преку Вашето е-банкарство.

Сетот банкарски услуги Ви е достапен за само 300 ден месечна провизија.

Се што треба да направите е да аплицирате за сметка на следниов линк и да го очекувате нашиот повик! 

apply for account