Стручен во сектор за финансии

ПроКредит Банка вработува
Стручен во сектор за финансии – одговорен зa менаџмент на информациониот систем и известување 
 

Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на нашата компанија,  и сте љубопитни за другите земји и култури

ПроКредит Банка вработува: 
Стручен во сектор за финансии - одговорен зa менаџмент на информациониот систем и известување во Централната Управа во Скопје

Потребни вештини/знаење: 

  • SQL Server 2012/2016
  • Напредни познавања на Excel
  • Предност е познавање на банкарска терминологија
  • Предност e познавање на Data Warehouse
  • Завршено високо образование 
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Способност за тимска работа и работа под притисок со крајни рокови
  • Способност за решавање проблеми и можност за самостојно работење без надзор од претпоставен 
  • Одлични интерперсонални способности, со можност за лесна и ефикасна комуникација на сите нивоа

АПЛИЦИРАЈТЕ!

Аплицирајте со пополнување на податоци и мотивационо писмо преку нашата web страна не подоцна од 31.08.2019  година на следниов линк 

Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Воедно во електронската пријава во делот за мотивациско писмо треба да ги наведете Вашите амбиции за аплицирање, а кои ќе бидат во релација со содржината од нашата меѓународна веб страна (www.procredit-holding.com) и веб страната на нашата банка (www.pcb.mk).
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни. 

Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на регрутирање. Процесот на избор на кандидат, ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување.