ПроКредит Банка со совети за штедење по повод Светскиот ден на штедењето

По повод светскиот ден на штедењето Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигирување депозити организираа настан со едукативен дел на кој ПроКредит банка подели совети и трикови на учениците и студентите за важноста на штедењето.

slika1

Да се има за иднината значи да се штеди во сегашноста

ПроКредит Банка сподели корисни совети и модерни начини за штедење со учениците и студентите.

slika2

slika3

 

Што е штедењето?

Поимот штедење значи собирање и чување на средства и пари за нивно користење во некој иден временски период.

Одберете го начинот на штедење кој најмногу одговара на вашите потреби

  • Штедењето во банка е безбедно и вашите средства умерено ќе се зголемуваат во однос на висината на каматата. Можете да штедите во денари или во девизи.
  • Штедењето по видување е уникатна можност за флексибилно да повлекувате и дополнувате средства на Вашата штедна сметка, со најповолна каматна стапка. Каматната стапка се исплаќа месечно.
  • Преку Е-банкарство и М-банкарство на ПроКредит Банка имате пристап до Вашите заштеди во секое време 24/7.
  • Најважниот совет е да бидете трпеливи и упорни
  • Еден од основните предуслови за успешно штедење е трпеливост и упорност, особено доколку имате цел која саката да ја постигнете.

ПроКредит Банка споделува мали трикови со Вас за едноставен и лесен почеток на штедење. Започнете да штедите мал инос, но доволен за почеток.

Сѐ што ви е потребно е желба за штедење, трпеливост и упорност.