НОВА И УНИКАТНА МОЖНОСТ ЗА 24/7 МЕНУВАЧКО РАБОТЕЊЕ ПРЕКУ Е-БАНКАРСТВО

слика

 

ПроКредит банка со новата функционалност им овозможува на сите клиенти на банката на платформата за Е-банкарство 24/7  да процесираат налози за менувачко работење на сопствени сметки. На овој начин клиентите 24/7 имаат пристап до своите заштеди во евра директно преку нивниот телефон и тоа за само неколку минути.

Оваа поволност е овозможена за сите физички и правни лица кои имаат е-банкарство.

Купо-продажбата на девизи надвор од работното време на банката, за време на викенди и празници се одвива по Официјалниот курс објавен од страна на ПроКредит Банка.

Сите правни лица кои сакаат да направат купопродажба на износи над 10.000 евра по по-поволен курс од официјалниот, истото може да го извршат само во работно време на банката од 08.00-16.00 часот.

Банката го задржува правото за промена на курсната листа во зависност од пазарните услови.

Со оваа поволност Банката го потврдува фокусот за следење и воведување на новите модерни трендови во дигиталното банкарство.