ПроКредит Банка однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година

1

 

ПроКредит Банка АД Скопје изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година.

Со оваа мерка за предвремено подмирување на своите обврски за данок на добивка, ПроКредит Банка АД Скопје се стреми кон обезбедување поддршка на Р. Северна Македонија за имплементирање на мерките за заштита и превенција од ширење на Ковид-19.

ПроКредит Банка и понатаму продолжува да нуди 24/7 услуга за клиентите преку дигитални канали кои овозможуваат користење на банкарски услуги директно во нивниот дом или канцеларија и препорачува сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето.