Одложување на наплатата на кредитни обврски за сите физичкилица кои имаат потреба од поддршка

Со цел полесно надминување на негативните ефекти од вонредната ситуација предизвикана од вирусот  COVID – 19, ПроКредит Банка АД Скопје донесе одлука за одложување на наплатата на кредитни обврски за сите физички лица кои имаат потреба од таква поддршка во следните 3 до 6 месеци.

Бидејќи грижата за клиентите и задоволување на нивните потреби е приоритет на ПроКредит Банка, сите клиенти ќе бидат индивидуално контактирани од страна на советниците за клиенти во банката. 

Ги покануваме сите клиенти кои досега се немаат изјаснето,а имаат потреба од промена на планот за отплата на кредитни обврски кон ПроКредит Банка АД Скопје да не контактираат на еден од следните канали:

  • Е-маил на mkd.info@procredit-group.com
  • Телефонски повик во Одделот за Грижа за корисници на 02/ 2 446 000