ПроКредит Банка и компанијата Греемак Груп заедно допринесуваат за развој на економијата

1

Меѓу 160-те земји, чии жители уживаат во благодетите на високо квалитетните продукти на GREE, од 2013 година овој бранд е присутен  и во Македонија.

Компанијата Греемак Груп се занимава со продажба на клима уреди, навлажнувачи, топлински пумпи и индустриска линија на производи од марката Gree од Кина. Компанијата е ексклузивен застапник за брендот GREE за македонскиот пазар. „ГРЕЕ“ е најголемиот производител на климатизери во светот.

Тие се пример за компанија која со својот развој допринесува и за развој на домашната економија, како и за отварањето на нови работни места на територијата на нашата земја.

„ Горди сме за успешноста на нашата команија и продолжуваме да пласираме нови производи со висока енергетска ефикасност, како и производи за прочистување на воздухот за домаќинства и деловни простории, со што клиентите добиваат економични производи со помала потрошувачка, а и комфорен простор за живеење и работа. Континуирано ги следиме случувањата на пазарот и се прилагодуваме на барањата на потрошувачите. Па така во услови на криза со цел да го олесниме пазарењето односно го напрвиме безбедно за нашите купувачи, ја подготвивме нашата онлине продавница  mall.gree.com.mk .

ПроКредит Банка го препозна потенцијалот на нашата компанија и преку комплетната понуда на сет услуги за финансирање и тековно банкарско работење достапно 24/7 ни помогна  непрекинато да го развиваме бизнисот во земјата. Па така во 2018 година, се отвара вториот најголем продажен салон во Скопје, во населба Аеродром. Овој салон е прв во светски рамки кој отвара ново поглавје со акцент на фокус кон човекот и домувањето, комплетно опремен со резиденцијални и комерцијални клима уреди, воздушни и водни грејни пумпи, домашни уреди и други софистицирани технолошки решенија во служба на квалитетот и комфорот на живеењето“ – изјави Даниела Николовска – Оперативен менаџер