Солиден резултат во првата половина од годината и стабилни бројки за пораст - ПроКредит Групацијата со прогноза за раст во 2020 година

1

 

  • Повисок раст од очекуваниот од 5,3% на кредитното портфолио на клиенти во првата половина – Управниот одбор прогнозира раст за целата година на ниво од 8% до 10%
  • Годишниот трошок поврзан со ризици од 67 базни поени е во согласност со очекувањата, со квалитетно портфолио
  • Консолидираниот резултат од 21,7 милиони евра одговара на годишниот поврат на капитал од  5,5% со стабилни трошоци и значително зголемување на заработката пред трошоците кои се поврзуваат со ризици

Франкфурт на Мајна, 13ти август 2020 - ПроКредит Групацијата, која е главно активна во Југоисточна и Источна Европа, покажа добар резултат за првата половина од годината и покрај влијанието на пандемијата КОВИД-19. Во првата половина од 2020 година, кредитното портфолиото на клиенти порасна за 5,3% или 255 милиони евра (прва половина од 2019 година: + 5,0% / 2,17 милиони евра), што беше над прогнозите соопштени за целата година. Консолидираниот резултат од 21,7 милиони евра (прва половина од 2019 година: 22,9 милиони евра) беше постигнат и покрај зголемувањето на трошоците кои се поврзуваат со ризици од 11,6 милиони евра споредено со истиот период претходната година. Подобрувањето на коефициентот трошок-приход за 4,2 процентни поени на 66,5% отсликува значителен пораст од 8,7 милиони евра на заработката пред одданочувањето и надоместоците за загуби кои достигнаа 41,8 милиони евра.

Менаџментот е охрабрен од резултатите за првата половина: „Нашето растечко кредитно портфолио покажува дека во овие тешки времиња особено е важно  за малите и средните претпријатија да имаат сигурен банкарски партнер. Убедени сме дека нашиот робустен деловен модел, стабилниот профил на ризик и солидните финансиски резултати даваат цврста основа за поддршка на нашите клиенти, дури и во сегашното опкружување на пазарот, а со тоа искористувајќи ги привлечните можности за раст.“

Растот на кредитното портфолио на клиенти беше остварен пред сé во областа на долгорочните кредити за инвестиции за нови и постојни клиенти-мали и средни претпријатија како одраз на натамошно зајакнување на позицијата на групацијата на пазарот.

Особено голем раст од 9,9% е забележан во портфолиото на зелените-еко кредити и тоа беше особено динамично во секторот обновлива енергија. Севкупно, зеленото-еко портфолио постигна вкупен раст од 30%, а на 30 јуни 2020 година учествуваше со 17,3% во вкупното кредитно портфолио.

Растот на депозитите на клиентите од 113 милиони евра, или за 2,6%, во првата половина од годината се должи на зголемувањето на депозитите по видување и штедните сметки со инстант пристап. Овој раст е генериран од постојни и нови деловни клиенти, како и од приватни лица, и тој ја одразува зголемената привлечност на ПроКредит ДИРЕКТ, понудата на дигитални услуги на ПроКредит групацијата. Стапката на покриеност со ликвидност (LCR) на групацијата на крајот на полугодието изнесуваше 142%.

На 21,7 милиони евра, консолидираниот резултат се намали за многу малку од заработените 22,9 милиони евра во истиот период претходната година. Подобрувањето на нето приходот од камата беше повеќе од поништено со повисоките трошоци за надоместоци на загуби. Благодарение на растот на кредитното портфолио, нето приходите од камати се зголемија за 7,2 милиони евра или за 7,8% и достигнаа 99,9 милиони евра во текот на изминатите 12 месеци. На 3,0%, нето каматната маргина беше 0,1 процентни поени под нивото од претходната година. Овој пад главно се должи на значително намалување на клучните каматни стапки во сегментот Источна Европа.

Трошоците за надоместоци на загуби се зголемија за 11,6 милиони евра во однос на истиот период претходната година и достигнаа вкупно 15,7 милиони евра. Ова одговара на годишниот трошок поврзан со ризици од 67 базни поени, што е во согласност со очекувањата. Околу 8 милиони евра од оваа бројка се припишуваат на ажурирани макроекономски параметри во моделот за кредитен ризик. Покрај тоа, ПроКредит банките исто така ги зголемија резервациите за време на тековниот, индивидуален преглед на сите нивни кредитни изложености кон деловните клиенти. Учеството на кредитите со намалена вредност е непроменето во однос на крајот на годината, т.е., 2,5%. Соодносот на надоместоците за кредитите со намалена вредност се искачи од 89,1% на 93,6%.

Нето приходите од провизии и надоместоци се намалија за 3,2 милиони евра и достигнаа ниво од 22,6 милиони евра, и тоа главно како резултат на падот на домашните и меѓународните трансфери за време на пандемијата КОВИД-19.

Оперативните трошоци забележаа мал пад од 0,7 милиони евра на 82,8 милиони евра, како резултат на намалување на административните трошоци. Коефициентот на трошоците и приходите се намали за 4,2 процентни поени и изнесува 66,5%. При стабилна основа на трошоци, добивката пред одданочувањето и надоместоците за загубите се зголемија за 8,7 милиони евра или 26,2% во однос на претходната година, и изнесуваат 41,8 милиони евра.

Адекватноста на капиталот на групацијата ПроКредит останува здрава. Заедничкиот коефициент на капиталот од ниво 1 (CET1 целосен) заклучно со 30 јуни 2020 година беше 14,1%, т.е., непроменет од крајот на 2019 година. Активата пондерирана според ризикот се намали и покрај големиот раст на портфолиото, делумно како резултат на раното воведување на нови пондери на ризик за изложеност на МиСП од страна на Европскиот парламент во јуни 2020 година. Основниот капитал на групацијата ја вклучува консолидираната добивка за 2019 година намалена за планираната исплата на дивиденда од една третина од консолидираната добивка. Удобната капитална основа продолжува да биде поддржана од коефициентот на задолженост од 10,3% (31 декември 2019 година: 10,8%).

Во текот на првата половина од 2020 година, Меѓународната финансиска корпорација (IFC), која е членка на Групацијата на Светската банка, му даде кредит од 100 милиони УСД на ПроКредит Холдинг AG & Co. KGaA. Овој заем отвора дополнителни можности за ПроКредит банките да понудат насочено финансирање за мали и средни претпријатија во моменталнава ситуација.

По големиот раст постигнат во првата половина од годината, раководството на ПроКредит Холдинг гледа и добри можности за раст во втората половина. По прогнозата за низок едноцифрен раст на кредитното портфолиото на клиенти на почетокот на годината, Управниот одбор сега очекува севкупен раст помеѓу 8% и 10%. Ова не ги зема предвид можните ефекти од валутното претворање на крајот на годината. Опасноста од нов бран на пандемија и воведувањето дополнителни ограничувања во домашната и меѓународната трговија се главни фактори на ризик за оваа прогноза.

Со трошок поврзан со ризици од околу 75 базни поени, повратот на капиталот за целата година се очекува да биде позитивен, иако понизок од претходната година. Ова се заснова на претпоставката дека економиите на пазарите на ПроКредит ќе започнат да закрепнуваат во втората половина на годината. Исто така, потврдени се и предвидувањата за коефициентот трошок-приход (околу 70%) и коефициентот на основниот капитал (над 13%).

Полугодишниот извештај на групацијата ПроКредит за 2020 година од денес е достапен на германски и на англиски јазик на веб-страницата на ПроКредит Холдинг под Инвестициски односи на:

http://www.procredit-holding.com/en/investor-relations/reports-publications/financial-reports/

Контакт:

Андреа Кауфман, Одговорно лице за комуникации во групацијата, ПроКредит Холдинг, тел.: +49 69 951 437 138, E-пошта: Andrea.Kaufmann@procredit-group.com.

За ПроКредит Холдинг AG & Co. KGaA

ПроКредит Холдинг AG & Co. KGaA, со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е матична компанија на ПроКредит групацијата ориентирана кон развој, која се состои од комерцијални банки за мали и средни претпријатија (МиСП). Покрај својот оперативен фокус на Југоисточна и Источна Европа, групацијата ПроКредит е активна и во Јужна Америка и во Германија. Акциите на компанијата се тргуваат во сегментот Prime Standard на Франкфуртската берза. Акционерите-сидро на ПроКредит Холдинг AG & Co. KGaA ги вклучуваат стратешките инвеститори Zeitinger Invest и ProCredit Staff Invest (инвестицискиот мотор за вработените во ПроКредит), холандските DOEN Participaties BV, KfW Development Bank и IFC (дел од групацијата на Светската банка). Како надредена компанија на групацијата според германскиот закон за банкарство, ПроКредит Холдинг AG & Co. KGaA е надгледувана на консолидирано ниво од страна на германскиот сојузен финансиски надзорен орган (Bundesanstalt fü Finanzdienstleistungsaufsicht, BaFin) и германската Bundesbank. За дополнителни информации, посетете ја: ww.procredit-holding.com.

Антиципативни изјави

Ова јавно соопштение содржи изјави што се однесуваат на нашиот иден деловен развој и финансиските перформанси, како и изјави во врска со идните активности или случувања кои влијаат на ПроКредит Холдинг, кои можат да претставуваат антиципативни изјави. Ваквите изјави се засноваат на управувањето со тековните очекувања и специфични претпоставки на ПроКредит Холдинг, од кои повеќето не се под контрола на ПроКредит Холдинг. Затоа, тие подлежат на мноштво ризици, неизвесности и фактори. Доколку се материјализира еден или повеќе од овие ризици или неизвесности, или треба да се докаже дека не се точни основните очекувања или претпоставки, тогаш вистинските резултати, перформанси и достигнувања (и негативни и позитивни) на ПроКредит Холдинг може да се разликуваат значително од оние во антиципативната изјава. ПроКредит Холдинг не презема никаква обврска да ги ажурира овие антиципативни изјави или да ги коригира во случај на отстапувања од очекуваниот развој.