ПроКредит Банка нуди брзо и едноставно решение за мали бизниси

1

ПроКредит банка веќе е лојален и докажан партнер на македонските бизниси. Веќе 17 години заедно ја развиваме македонската економија, ги поддржуваме малите компании и со тоа отвараме нови работни места.

Брзи и едноставни решенија за поддршка на мали бизниси

  • Oтварање на сметка за компанија преку однапред закажан состанок на телефонскиот број 02/ 2 446 000 или преку е-маил адресата mkd.info@procredit-group.com, без непотребно чекање во ред.
  • Кредити за инвестиции и обртни средства до 50.000 Евра и рефинансирање на кредити од други банки, рок на отплата 5 години
  • Кредит за обртни средства до 30.000 ЕУР, со меница
  • Одлука за 2 дена

 

Бизнис моделот на ПроКредит Банка е индивидуален пристап кон секој клиент со цел да ги разбереме спецификите и условите во кои нашите клиенти работат, кои се нивните очекувања за развој на бизнисот и планирани инвестиции.

Секој клиент добива соодветно индивидуално прилагодено решение. Наше најголемо достигнување е задоволството на клиентите од овој индивидуален и партерски пристап кои се истовремено основа за долгорочна соработка.

Сите овие вредности ја прават ПроКредит Банка чекор пред другите!