ПроKредит банка и компанијата ECOSPAR заедно придонесуваат за почиста животна околина

1

 

Компанијата ECOSPAR е основана во 2011 година и веќе 9 години е пријател на Вашиот дом во продажба на еколошки  печки и котли изградени со најквалитетна технологија која гарантира дека вашиот ECOSPAR производ ќе постигнува врвни резултати на полето на квалитетот, функционалноста, економичноста и заштитата на животната средина. Сите наши продукти со гордост го носат епитетот „Пријатели на природата“ потврден со повеќе сертификати, согорувајќи со ефикасност од над 90%.

„Создаваме готови продукти кои успешно се продаваат на преку 30 пазари ширум светот. А на домашниот пазар во С. Македонија имаме преку 300 добавувачи.

ECOSPAR е бренд кој е препознатлив во земјите во кои се извезува и продава благодарение на квалитетот кој со години е непроменет.

Во ПроКредит Банка пронајдовме современ и долгорочен партнер со чија помош ги претвараме нашите идеи во успешни проекти.

Нашето мото гласи дека секогаш треба да имате јасна слика и информации за случувањата на пазарот, а клучот за успехот е во доброто планирање на бизнисот и менаџирање на залихите. “ Изјави – Јован Јовановски – сопственик на ECOSPAR