Централната Управа на ПроКредит Банка сертифицирана со меѓународниот сертификат EDGE

1

 

ПроКредит Банка како општествено одговорна компанија поставува високи стандарди во работењето во поглед на влијанието врз животната средина.

Поради тоа, Централната управа на ПроКредит Банка е изградена со користење на енергетски ефикасни материјали и опрема, како што се: енергетски ефикасна изолација, прозорци и светилки. Со употребата на обновливи извори на енергија како: геотермални топлински пумпи за греење и ладење и фотонапонска централа за сопствено производство на електрична енергија дополнително се намалува потрошувачката на енергија на Централната Управа.

Како резултат на сите преземени мерки за намалување на влијанието на животната средина и градење на Еко зграда, Централната Управа на ПроКредит Банка во текот на 2019та година беше сертифицирана со меѓународниот сертификат EDGE. Ова е вооедно  и  првиот објект во нашата земја сертифициран на ваков начин.

2

 

Сертификатот е потврда за сите инвестиции во зградата од аспект на енергетска ефикасност, употреба на ресурси и користење на обновливи извори на енергија. Во него се наведени поединечните мерки, чиишто резултат е заштедата на енергија од 73%, заштеда на вода од 21% и заштеда на енергија за производство на употребените материјали од 35%, споредено со вообичаената пракса на нашиот пазар.

Повеќе информации за истиот може да се најдат на линкот

EDGE (Excellence in Design for Greater Efficiency) е иновација на Меѓународната Финансиска Корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска Банка. Сертификатот им нуди можност на лидерите на пазарот да добијат конкурентска предност преку издвојување на нивните производи. IFC го создаде EDGE  како одговор на потребата за мерливо и веродостојно решение, со цел да докаже дека постојат бизнис можности за градење на еко згради и отворање на можности за финансиски инвестиции во истите .

Повеќе информации за процесот на сертификација со EDGE може да се најдат на линкот