ПроКредит Банка и компанијата Горењско со поволни услови за финансирање и изведба на сите видови комори и системи за прочистување на воздух

1

 

ПроКредит Банка и компанијата Горењско започнуваат нова соработка преку која изведбата на сите видови комори - различни разладни ситеми, чилери и тунели за брзо ладење, како и системи за прочистување на воздухот кои спречуваат ширење на бактерии и вируси, станува подостапна за сите бизниси во државата.

Системите за прочистување на воздухот може да се користат како дополнителна опрема на ладилниците во прехрамбената индустрија но и при деловни објекти и простории како што се: амбуланти, лаборатории, фитнес центри, едукативни установи, конференциски сали, чекални, хотели и ресторани, текстилни индустрија итн.

2

 

ПроКредит Банка повторно чекор пред другите, овозможувајќи им на клиентите на овој начин да ги надминат двата најголеми предизвици за развојот на бизнисот – потребата од професионална и квалитетна услуга како и извор на финансирање.

Отсега, компаниите ќе може да ги користат кредитите на ПроКредит Банка за финансирање на сите видови комори и системи за прочистување на воздухот, што ги нуди компанијата Горењско со следниве услови:

  • 3.9% годишна камата,
  • 1% провизија при исплата
  • Учество во инвестицијата од страна на клиентот 10%
  • Обезбедување – Ладилникот/опремата
  • Рок на отплата до 7 години

Сите заинтересирани компании за услугата може да се информираат подателно за понудата на телефонските броеви на Горењско ДОО Скопје 02/2032 822 или 070 235 961, како и на е-маил адресата : info@gorenjsko.com

За кредитната линија на ПроКредит Банка компаниите може да се обратат на mkd.info@procredit-group.com или да закажат состанок со одговорниот тим за кредитирање проекти преку 02/2446-000.