ПроКредит Банка и компанијата Хамачи со поволни услови за финансирање за набавка на комерцијални електрични возила

1

 

ПроКредит Банка повторно чекор пред другите остварувајќи соработка со компанијата Хамачи преку која набавката на комерцијални електрични возила станува подостапна за сите бизниси во земјата.

Елeктричните возила кои можат да поминат околу 70тина км кои се сосема доволни за наменетата градска употреба. Се полнат за 6-8 часа кои се доволни за возилото да се полни преку ноќ. Овие автомобили се идеални за потребите на дистрибуција во прехрамбената индустрија но и за потребите на: лаборатории, печатници, брза пошта и други дејности.

Отсега, компаниите ќе може да ги користат кредитите на ПроКредит Банка за финансирање за набавка на комерцијални електрични возила од брендот Хамачи со следниве услови:

  • 3.9% годишна камата,
  • 1% провизија при исплата
  • Учество во инвестицијата од страна на клиентот 10%
  • Обезбедување – возилото
  • Рок на отплата до 7 години

Сите заинтересирани компании за електричните возила може да се информираат подателно за понудата на телефонските броеви на Хамачи 032-381-901 и 071-337-717 или www.hamachi.mk

За кредитната линија на ПроКредит Банка компаниите може да се обратат на mkd.info@procredit-group.com или да закажат состанок со одговорниот тим за кредитирање проекти преку 02/2446-000.