ПроКредит Банка партнер од доверба на компанијата Wienerberger производител на висококвалитетни керамички ѕидови Porotherm и покривни системи Tondach

1

 

Компанијата Wienerberger Македонија е дел од Wienerberger Building Solutions (WBS) која е најголемиот светски производител на тули и фасадни тули, лидер на пазарот за покривна глинена ќерамида во Европа, како и за бетонски плочи и плочки во средна и Источна Европа.

Дејноста на Wienerberger ги вклучува процесите од екстракција на глина, производство, сертификација на производи па се до техничка и комерцијална поддршка. Преку висококвалитетните керамички ѕидови Porotherm и покривните системи Tondach нудиме модерни решенија во форма на градежни материјали со убедлив квалитет.

1

 

Винербергер дооел Виница е една од најуспешните и најпрофитабилните компании во во Македонија. Својата стабилна позиција со години ја градиме како посакуван и посветен работодавач во задоволството на своите вработени. Нашите 113 вработени се силата и моторот на компанијата, постојано се трудиме да секој еден вработен е сигурен, безбеден, задоволен, мотивиран.

Светот на Винербергер е изграден од 17,000 луѓе во 30 земји, 227 производствени погони и историја од 200 години. Во Македонија фабриката на Винербергер е лоцирана во Виница, каде се наоѓа и Управата. Во нашата фабрика се произведуваат ќерамиди и керамички додатоци на етаблираниот бренд Тондах, кој што стабилно ја држи лидерската позиција за глинена покривна ќерамида и на македонскиот пазар. Освен Тондах, наши брендови се и Поротерм, кој нуди системски решенија за ѕид и Терка со понуда на системи за фасада. Нашите производи освен на домашниот пазар се пласираат и во Бугарија, Косово и Албанија. Во план и преговори сме за проширување на извозните пласмани во уште неколку земји во регионот.

„Про Кредит Банка е наш партнер во секојдневното работење, нудејќи ни навремена, квалитетна и целосна поддшка на бизнисот во делот на банкарското работење. Нивната целосно автоматизирана и дигитална платформа ни овозможува брзина, ефикасност и 24 часовна поддршка за процесирање на наши трансакции во било кое време. Имаме назначен советник, кој е достапен за нас за сите прашања поврзани со банкарското работење и кој ни дава релевантни и квалитетни совети. Регионално присуство на банката соодветствува со регионалното присуство на Винербергер, со што се овозможува лесно комуницирање меѓу сестринските банки при потреба.

Накратко Про Кредит е банка партнер во нашето секојдневното работење со цел остварување на успешна долгорочна соработка.“ – изјавија раководните лица на компанијата Винербергер.

Тековната криза COVID-19 нè освести за тоа колку е важно нашето здравје. Сепак, долго пред да започнат овие предизвикувачки времиња, здравјето и безбедност при работа на нашите вработени беа нашиот главен приоритет.

Сепак пандемијата е сеуште присутна. Во градежната индустрија се одрази со поместување на сезоната за градење, главно поради несигурноста на инвеститорите од мерките и развојот на кризата.

Иновацијата во текот на долгата историја на нашата компанија се покажа како клучен фактор за успех и долгорочен развој на групацијата. Овој пристап ни помага да ги надминеме кризите и не прави посилни.

1

 

Денес, ние сме лидер за иновации во нашата индустрија. Со постојано подобрување и проширување на нашето портфолио, преку воведување на иновативни системски решенија, Винербергер еволуираше од снабдувач на градежни материјали во снабдувач на системи за иновативни градежни материјали и инфраструктурни решенија на иднината.

Истражувањето и развојот се меѓу приоритетите во нашето стратешко планирање. Автоматизација на процесите и понудата на целосни системски решенија ја зголемуваат ефикасноста при градбата и заштедата на ресурси.

Во иднина предвидено е оптимизирање и модернизација на производство, како и зголемување на производственото портфолио со нови производи кои се во согласност со трендовите и барањата на пазарот.