ПроКредит Банка и ЕБОР го поттикнуваат финансирањето на малите и средните бизниси во Северна Македонија

€5 милиони кредит од ЕБОР, заедно со €0.75 милиони грант од ЕУ, наменети за претприемачите за помош во достигнувањето на ЕУ стандардите

ebor

 

  • ЕБОР обезбеди кредит од €5 милиони за ПроКредит Банка за кредитирање на  малите  и средни бизниси
  • Компаниите ќе добијат и 0.75 милиони грант од ЕУ ИПА програмата
  • Најмалку 60% од финансирањето е наменето за подобрување на одржливата енергија

Македонските мали и средни претпријатија ќе имаат придобивка од приклучувањето на ПроКредит Банка (ПКБ) во иницијативата на ЕБОР, како четврта банка која ќе го поттикнува кредитирањето на приватните МСП.

ЕБОР обезбедува €5 милиони кредит за ПроКредит Банка од Програмата за МСП за поддршка на конкурентноста на Западен Балкан, која е поддржана од ЕУ, и обезбедува среднорочно и долгорочно финансирање на МСП и им помага да се усогласат со стандардите и условите за работење на ЕУ.

Кредитот на ЕБОР е поддржан со €0.75 милиони грант од ЕУ, одобрен од Инструментот за пред-пристапна помош - ИПП (Instrument for Pre-Accession Assistance - IPA).

Најмалку 60% од средствата на ЕБОР наменети за ПроКредит Банка, ќе бидат искористени за финансирање на заштеди на енергија и ресурси, како и поврзаните трошоци.

Програмата за МСП за поддршка на конкурентноста на Западен Балкан се стреми кон обезбедување барем €30 милиони кредит за македонските комерцијални банки во наредниве неколку години, каде ЕУ ќе донира уште €6 милиони.

Моменталната програма е надградба на претходно распределните €20 милиони за поддршка на програмата за конкурентност, кои беа пласирани од 2010 до 2015 година. Поддршката на ЕУ во овој период беше €4 милиони.

ЕБОР инвестира во македонската економија од 1993 година. До денес, Банката има потпишано 120 проекти во Северна Македонија, со нето кумулативен деловен опсег над €1.9 милијарди.

 

logoa