Зона 24/7

zona

 

За подобра и подостапна услуга за клиентите со динамичен стил на живеење воведовме Зони 24/7 кои работат дено-ноќно, за време на државни празници, викенди и останати неработни денови. Секој клиент на ПроКредит Банка може да ги користи услугите во зоните 24/7 и тоа: уплата и исплата на денари и евра, уплата на ковацини, уплата на дневен промет на банкомат или во сеф за дневен промет, процесирање налози за плаќање, принтање изводи и слично. Влезот во зоните по работното време на експозитурите е со валидна дебитна или кредитна картичка.

БАНКОМАТ ЗА УПЛАТА И ИСПЛАТА

Преку банкоматите за уплата и исплата во било кое време можете да повлекувате средства од Вашата тековна или штедна сметка, но и да вложувате средства на истите. Вашата дебитна картичка е мултивалутна картичка која може да биде поврзана со 8 трансакциски сметки и уплатените средства ќе се појават на Вашите сметки веднаш по нивното вложување преку овој банкомат.
Услугата е достапна за физички и за правни лица за трансакциски сметки во денарии евра. Дозволени деноминации при уплата: 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари и  5,10,20,50,100,200 и 500 евра. При една уплата можете да внесете максимум 40/250 банкноти одеднаш, во зависност од банкоматот.

Во рамки на сите Зони 24/7 во Македонија може да најдете банкомати за уплата/ испата на ЕУР.

ИНФО ТЕРМИНАЛ

Преку инфо терминалите имате електронски пристап до Вашите сметки. Можете да го користите Вашиот USB токен за да вршите плаќања преку Вашето електронско банкарство.
Преку инфо киоскот на располагање ги имате следните услуги: преглед на изводи од сметка и нивно печатење, преглед на состојбата на Вашите сметки, домашен платен промет, менувачко работење, плаќање комуналии, трансфери помеѓу сопствени сметки (пример: трансфер од трансакциска сметка на штедна сметка).

СЕФ ЗА ДНЕВЕН ПРОМЕТ

Бизнисите кои имаат поголем дневен промет можат да го депонираат во кое било време во сефовите за дневен промет. Прометот го внесувате во специјални сигурносни кеси, кои се обезбедени од банката и за една употреба и кои имаат уникатен бар-код кој е претходно поврзан со клиентот (една копија од бар кодот  клиентот отстранува од кесата и задржува кај себе за евентуална контрола). Вратата на сефот се отвора преку специјална магнетна картичка (обезбедена од банката) заради идентификација на клиентот. Вложената готовина физички се проверува, пребројува и прокнижува на сметката на клиентот секој ден. 

КОНТАКТ-ЦЕНТАР

Преку контакт-центарот можете во кое било време да добиете информации сврзани со услугите на Банката. Во зоните 24/7 има телефон со бесплатен пристап до контакт-центарот. Единствено треба да ја подигнете слушалката и автоматски ќе бидете поврзани. Преку контакт-центарот ќе добиете и24/7 техничка поддршка за користење на која било од автоматските услуги во зоните 24/7.

БАНКОМАТ ЗА УПЛАТА НА КОВАНИЦИ

Банкоматите за уплата на кованици се банкомати на кои може да остварувате уплата на денари на Вашите тековни или штедни сметки во ПроКредит Банка. Овој баномат може да се употребува од страна на физички и правни лица за комбинирана уплата на кованици и банкноти, како и за исплата на средства од Вашите сметки.

Банкомат за кованици може да најдете во Зона 24/7 во Карпош 4, во склоп на Централната Управа на ПроКредит Банка и во експозитура Струмица.