1

ПроКредит Банка во 2019 год. учествуваше во 4 еко акции за зачувување на животната средина

ПроКредит Банка заедно со вработените во 2019 година беше активна во неколку еко акции за зачувување на животната средина.

Во април 2019 година се приклучивме на пролетната еко акција организирана од Општина Карпош – Карпош нека дише, за чистење на околината во која живееме и работиме.

Во текот на октомври и ноември 2019 година покренавме иницијатива за две еко акции за почиста животна средина. Локацијата на Еко акциите беше на потегот на пешачката зона долж Булевар Словенија. Во оваа акција добивме и поддршка од Општина Бутел.

По успешно завршена Еко акција #1, ПроКредит Банка организираше Еко акција #2 со поддршка од учениците од ООУ Климент Охридски и ООУ Живко Брајковски од Бутел, како и учениците од ООУ Гоце Делчев од С.Љубанци и општина Бутел. Заедно повторно ја чистевме пешачката патека долж булевар Словенија.

Во декември 2019 ПроКредит Банка се вклучи во еко акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина.

Сите заедно придонесуваме за подобра животна средина!

Погледнете како поминаа нашите Еко акции ↓

  • 14
  • 15
  • 16
  • 7
  • 8
  • 10
  • 11
  • 2
  • 3